Американската поп-пејачка Бритни Спирс тешко се справуваше со здравствената состојба на татко си и одлучи да се предаде во рацете на специјалисти во установа за ментално здравје.
Спирс (37) пред една недела се пријавила во специјализирана установа и предвидено е да остане таму еден месец.
Нејзината последна порака на инстаграм вели: „Сите треба да издвојуваме време за малку време за себе“.
На почетокот на годината, Спирс објави дека ги одложува концертите „Domination“ за да му се посвети на семејството и својот татко.
„Важно е секогаш да го ставате семејството на прво место… и тоа е одлуката која ја донесов. Пред неколку месеци, татко ми беше хоспитализиран и за малку ќе умреше. Многу сме благодарни дека остана жив, но сè уште има долг пат пред него. Морав да ја донесам тешката одлука да ги насочам својот фокус и енергија кон моето семејство. Се надевам дека можете да ме разберете“, напиша таа во јануари.
Таткото на Бритни, Џејмс Спирс, преживеа спонтатна руптура на дебелото црево и помина низ две операции. Но, последната операција била проследена со компликации и се наоѓа во лоша состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.