Американската пејачка Бритни Спирс (37) тврди дека нејзиниот татко Џејми (66) ја терал да се дрогира, а потоа ја сместил во установа за ментално здравје против нејзината волја, пишува “Тhe Sun”.

Иако Бритни на судијата му кажала дека нејзиниот татко ја натерал да отиди во болница за ментално здравје пред еден месец, нејзината мајка Лин (64) ги негирала обвинувањата.

Странските медиуми тврдат дека Бритни престанала да прима лекови што ја држат под контрола во нејзиното однесување. Таа побарала поголема слобода, но судијата тоа не го одобрил. Пејачката ќе биде оценета од експерт пред да се донесе одлука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.