Рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа меѓу првите 10 најпочитувани луѓе во светот во 2021 година, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од британската компанија за истражување на јавното мислење ширум светот „ЈуГов“.

Анкетата покажува дека претседателот на Русија годинава се искачил за три позиции и го зазема деветтото место.

На листата на 20 најпочитувани луѓе во светот се наоѓаат политичари, бизнисмени, спортисти и актери.

Како и минатата година, поранешниот американски претседател Барак Обама останува на првата позиција како најпочитуван човек во светот. Меѓу 10-те најпочитувани луѓе меѓу мажите се ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кинескиот претседател Си Џинпинг, фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси, актерот Џеки Чен, милијардерот и основач на Спејс, Илон Маск, индискиот премиер Нарендра Моди и основачот на кинеската компанија за е-трговија Алибаба, Џек Ма. Поранешниот и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ги зазедмаат 13-то и 20-то место.

Мишел Обама ја задржа својата позиција како најпочитувана жена во светот. Покрај  неа во првата тројка се Анџелина Џоли и кралицата Елизабета. Потоа следуваат Опра, Скарлет Јохансон, Ема Вотсон, Тејлор Свифт, Ангечла Меркел, Малала Јусафзаи и Пријанка Чопра.

Истражувањето се спроведува од пролетта оваа година, а во него учествувале повеќе од 42.000 луѓе од 38 земји во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.