Бекингемската палата соопшти дека британскиот принц Филип имал операција на срцето и во следните неколку дена ќе остане во болница.

Војводата од Единбург беше успешно опериран поради состојбата со срцето во болницата Свети Вартоомеј, Неговото кралско височество ќе остене во болница неколку денови – се наведува во соопштението на  Бекингемската палата.

Принцот Филип (99) е хоспитализиран на 6 февруари во болницата Крал Едвард Шести во Лондон поради инфекција, а во понеделникот беше префрлен во болницата Свети Вартоломеј поради проблеми со срцето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.