Откако популерниот англиски водител, Џереми Кларксон изјавил дека најновата епизода од британската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер“ ќе биде вредна за гледање, гледачите имале добра причина да очекуваат нешто посебно.
Во квизот конечно учествувал натпреварувач кој успеал да стигне до прашањето за милион фунти, првпат по 2006 година. Станува збор за Џон Робинсон, професор по англиски јазик од Бирмингем, кој точно одговорил на 14 прашања.
And that’s the end of tonight’s show – #Congratulations to John Robinson 👏 who left us with a truly life changing £500,000 and Michael Gilbey 👏 who leaves us with £16,000 #DecentChunk #WhoWantsToBeAMillionaire pic.twitter.com/ATv19FqBpC
— Who Wants To Be A Millionaire? (@MillionaireUK) March 4, 2019
За жал, тој не го знаел одговорот на последното прашање, па се одлучил да се откаже и да си оди дома со половина милион фунти.
Прашањето гласело: Кој од британските министри никогаш не бил министер за надворешни работи?
а) Винстон Черчил
б) Алек Даглас-Хоум
в) Ентони Иден
г) Харолд Мекмилан
Точниот одговор е Винстон Черчил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.