Британскиот дипломат Стивен Елисон (61) е прогласен за херој откако скокнал во река во Кина и спасил студентка која се давeла. Тој се шетал покрај река во саботата наутро, кога 24-годишно девојче се лизнало и паднало во длабока вода во неговата близина.

Видеа снимени од минувачи покажуваат како таа се бори со струја, тоне, а потоа повторно се појавува на површината. Во еден момент изгледа дека се онесвестила.

Елисон ги соблече чевлите и скокна во реката за да ја спаси. Тој го сврте лицето од водата за да може да дише и пливаше назад до стрмниот брег на реката.

Таа беше во несвест, не дишеше и накратко се плашевме од најлошото. Но, кога се вративме на брегот, таа повторно почна да дише, изјави Елисон за Би-Би-Си.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.