Британската полиција издаде јавно предупредување до своите граѓани да се држат настрана од таблети екстази со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи тие се исклучително опасни.
Едно лице е уапсено под сомнение дека го снабдувал пазарот со портокаловите таблети, соопшти полицијата.
Криминалците постојано наоѓаат нови начини да ги продаваат своите лекови и да ги направат попривлечни. Пронајдовме таблети МДМА (екстази) произведени во форма на разни популарни предмети од културата, а неодамнешен пример се оние во форма на Доналд Трамп, рече детективот Рајан Барнс од полиција во Бедфордшир.
Тој додаде доколку се наиде на овој или друг вид на дрога да не се користи заради лична безбедност, затоа што никогаш не можете да бидете сигурни што содржат.
Ова не е првпат да бидат откриени лекови со ликот на американскиот претседател. Британската полиција минатото лето предупреди на силни таблети кои потсетуваат на Трамп.
Слично е забележано пред две години во Хонг Конг, во Германија минатата година и во САД оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.