Британската амбасадорка Рејчел Галовеј ја испочитува македонската традиција и денеска почести со мекици за раѓањето на кралското бебе, синот на принцот Хари и Меган Маркл.

Традиција е во повеќе места во Македонија да се послужат мекици на третиот ден откако е родено бебето, за негово здравје и долговечност. Некаде се нарекуваат и ‘лангиди’, а на други места се вари ориз. Во чест на кралското бебе, прославивме со оваа традиција, објави амбасадорката на Твитер и на Инстаграм.

Кралското бебе се роди на 6 мај, а војводата и војвотката од Сасекс избраа да се вика Арчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.