Британката Ебони Стивенсон заспала со мачнина и се разбудила четири дена подоцна, а на нејзино големо изненадување – веќе била мајка.

Имено, тинејџерката од градот Олдам дури не ни знаела дека е бремена, од причина што има две матки. Едната продолжила со менструалните циклуси, па немало никакво навестувањ. Освен тоа, тинејџерката немала изразени признаци за бременост, оти матката со плодот ѝ била поблиску до грбот, објави Би Би Си.

На 2 декември Стивенсон си легнала со главоболки и лесна мачнина. Оттогаш, таа не се сеќава на ништо, но мајка ѝ ја нашла без свест во бањата и повикала брза помош.

Во болницата ја породиле со царски рез.

На 6 декември, Ебони дошла при свест и дури тогаш дознала дека има дете, односно ќерка.

Бебето било тешко 3,450 килограми и се родило навреме, во деветтиот месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.