Британскиот авантурист Џејмс Кечел е првиот човек кој успеа да го прелета светот со жирокоптер, летало кое се смета за хибрид на авион и хеликоптер.

Џејмс прелета 24.000 наутички милји во ова мало летало, чиј кокпит е целосно отворен. Тој авантурата ја започна во март од Велика Британија, ги прелета Европа, Русија и преку Канада стигна во САД.

Овој месец повторно се врати во Велика Британија, од каде и го започна патувањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.