Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во близина на имотот Сандрингем во Норфолк. Фотографиите објавени во „Дејли мејл“ и во „Сан“ потврдуваат дека 97-годишниот принц Филип, возел сам на имотот во Сандрингем.
Новиот модел на „Фрилендер“, во кој бил виден принцот на возачкото место, е испорачан во петокот во Сандрингем, пренесе Би-би-си.
Принцот Филип не е повреден во несреќата, што се случи во четвртокот, но повредени се две жени. Војводата се судри со „Киа“, управувана од 28-годишна жена, која претрпела исекотини, додека другата, 45-годишна жена го скршила зглобот на едната рака. Без повреди поминало бебето, кое исто така се наоѓало во Киа-та.Војводата патувал сам во своето возило.
Полицијата соопштила дека ќе го истражи инцидентот и дека ќе се преземе мерки за одговорност.
Познатиот тв водител Џереми Кларксон им се придружи на сите Британци кои го повикаа британскиот принц Филип да се откаже од возачката дозвола, откако учествуваше во сообраќајната несреќа.
„Секогаш ни кажувале дека повозрасните возачи се подобри, поискусни и посигурни од помладите, но не ми се чини баш дека е така“ напиша славниот тв водител во таблоидот „Сан“.
Кларксон ја пофали сопругата на принцот Филип, Кралицата Елизабета Втора (92), дека сама се уште вози како мудар був.
„Се надеваме дека така ќе продолжи и дека возачката на својот сопруга ќе ја врати на полицијата“, напиша Кларксон.
Сообраќајната несреќа предизвика дебета на социјалните мрежи за тоа дали повозрасните лица треба да возат. Во согласност со британскиот закон, возачите постари од 70 години мораат да вршат систематски прегледи за да ја продолжат возачката дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.