Вилата “Карингтонка“ која долго ја поседуваат за балканската ѕвезда и некогашниот тенисер станала преголема, па се договориле да купат помала куќа на Дедиње или Сењак. Се уште не ја огласиле во агенција дека продаваат вредна недвижнина, за тоа разговараат со пријатели на кои им рекле да разгласат. Она што е сугурно е дека ни едно евро нема да ја спуштат цената за продажба.
Кога семејството Живојиновиќ купувале куќа на Бежанија, гледале да биде што поголема поради децата. Со тек на времето ја доградувале и таа е една од најголемите во тој крај. За луксуз и не треба да се зборува. Матерјалот од кој е градена е доста квалитетен, внатрешноста изгледа преубаво и доста пари се вложени во средување. Цената од два милиона евра е сосема реална и не е чудно што нема да ја спуштата цената- вели извар за Курир.рс
Причината за преселување во помала куќа е што децата веќе им се самостојни.
Прво се отселил Филип, кога почнал да живее со Александра, а пред неколку месеци и Стефан купил стан, во кој сега живее. Во вилата на Бежаниска коса останале само Брена, Бобо и Виктор, но и тој набрзо веројатно ќе се осамостои.
Популарната пеачка зборувала за тоа дека вилата на Бежаниска коса станала преголема.
Добро се исплакала…
Голема куќа купивме за да бидеме со децата, но приказната е дека секој родител е среќен што неговото дете е самостојно и што сака свој личен живот. Но јас еден ден како мајка добро се изнаплакав. Плачев кога Филип отиде на факултет, кога замина од дома, исто и Стефан, оваа куќа е празна ако нема деца во неа – рекла Брена неодамна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.