Главниот американски вирусолог Ентони Фаучи изјави дека би сакал еден ден во некој филм да го глуми Бред Пит. Неговата желба се оствари побрзо отколку што мислеше.

Ентони Фаучи, човекот кој им порача на Американците во иднина да заборават на ракување како досега традиционален поздрав во западниот дел на цивилизацијата, изјави неодамна дека би сакал Бред Пит да го глуми него.

И желбата му се остварила!

Гостувајќи воТВ-шоуто „Satyrday Night Live“, Оскаровецот се ставил во улога на главниот американски вирусолог, кој одговара на „научните“ забелешки на американскиот претседател за коронатавирусот ковид-19.

На забелешката на Трамп дека тестовите се „прекрасни“ и дека „сите ќе бидат тестирани“, Бред Пит, односно „д-р Фаучи“, забележал:

Во ред, баш и не би рекол за тестовите дека се прекрасни, освен ако вашата идеја за убавина не е некој да ви чепка по мозокот. Исто така, кога рече дека сите ќе бидат тестирани, сакаше да каже дека ќе биде тестиран… речиси никој“.

На изјавата на Трамп дека би можеле да го наречете коронавирусот „бактерија, грип, вирус, што сакате, не сум сигурен дека некој знае што е тоа“, „Фаучи“ има подготвен одговор и кажа: „Знаеме што е тоа“.

Американскиот претседател вака го прокоментира гласините дека сака да го смени Фаучи: „Слушам дека сакам да го сменам Фаучи. Не, тој е прекрасен човек, не го отпуштам“.

„Д-р Фаучи“ на тоа констатира: „А-ха, значи ќе ме смени“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.