Стефани Дантас Нунес (31) од Сао Паоло, Бразил, работела како асистент менаџер во продавница на бродската компанија МСЦ, каде што го запознала својот сегашен сопруг Македонец. Нивното пријателство за кусо време се претворило во љубов и тоа ја натерало за првпат во животот да дојде во Македонија.

Стефани, во интервју за „Црнобело“, вели дека на прв поглед се вљубила во Македонија. Таа веќе седум години живее во Кавадарци, а од пред извесно време работи како онлајн новинар.

Живеев во Сао Паоло, еден од најголемите градови во Бразил. Сао Паоло е град во кој начинот на живот е многу брз, a во Македонија сѐ е побавно, побезбедно. Се минува повеќе време со пријателите, има зеленило и спокој, а најомилено ми е што има и снег – вели 31-годишната Стефани.

Таа е во Македонија од 2013 година, а, како ѓшто велеи, кога го сретнала својот сопруг на брод, била многу уверена во нивната љубов и била љубопитна да ја истражи неговата култура и Македонија.

Го запознав мојот сопруг на мојот втор договор на брод. Уште од првиот ден се спријателивме, но тоа пријателство не траеше долго. По само еден месец почна нашата љубовна авантура. Бевме пет месеци заедно. По нашиот договор, јас морав да се вратам во Бразил, а мојот сопруг во Македонија. Останавме три месеци разделени, со секојдневни разговори преку „Скајп“. Немавме намера да се вратиме на брод, па одлучивме јас да дојдам во Македонија.

 

По три месеци престој во Македонија ми беше многу тешко да ги спакувам моите куфери за да се вратам назад во Бразил, така што одлучивме да се венчаме. Во почетокот ми беше многу тешко да бидам далеку од мојата фамилија на сосема друг континент и држава и различна култура, но бев многу добродојдена од моите свекор и свекрва и од пријателите на мојот сопруг, па тие ми помогнаа многу да се чувствувам добро и до ден денес тие се мојата втора фамилија – вели Стефани.

Целото интервју на „ЦрноБело“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.