Според изјавите на блиските пријатели на популарната холивудска двојка Џорџ и Амал Клуни, се’ поизвесно е дека бракот им е на климави нозе.
Џорџ постојано прави шеги на сметка на своето родителство, зборувајќи дека е лош татко, а тоа само ја влошува ситуацијата во неговиот брак со Амал, кој е на климави нозе- признава изворот.
Нивниот брак станал толку неиздржлив што Амал наводно неколку пати му се заканувала на актерот дека ќе го напушти.
Џорџ и’ вети дека ќе направи се’ за да не го остави, дека ќе се смени, буквално ја молеше на колена да не го напушти – додава изворот близок на холивудската двојка.
Инаку, расправиите во 5-годишниот брак на Амал и Џорџ не се новост. Според тврдењето на изворот и на другите блиски пријатели на двојката, сопружниците се сосема различни типови луѓе.
Во почетокот, Амал велеше дека Џорџ е многу забавен и дека и’ годи што е ласкавец. Тоа ја привлече, но по венчавката во 2014 година, очекуваше дека ќе се смири и ќе му се посвети на семејството – објаснува изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.