Иако не сакал да ѝ наштети на „сега веќе екссопругата“, Саше Политико морал да ја каже вистината, бидејќи случајот излегол во јавност.
За жал, пред два дена имавме пак кавга со мојата екс сопруга поради нејзината за жал болна љубомора која беше без основа. Ми беше лута за моето присуство на пресот на министерот Сугаревски, каде до мене седеше новинарка, и таа беше параноична дека јас не смеам да бидам во близина на жени, затоа што тоа било опасност за нашиот брак. Ваквите кавги траат веќе 5 години, но јас неколку пати ја напуштав и живеев во Кратово сам со месеци кај моите, но пак се враќав во бракот со надеж дека таа ќе престане со паранојата и ќе престанат кавгите. Но пак се случи нова кавга, 1000-та по ред и пак решив да си одам, но овој пат таа ја заклучи вратата и ми ги зема ташничките со новчаникот и клучевите. Јас во тој момент се јавив на полиција за да ми помогне да го напуштам домот затоа што не сакав пак да бидам малтретиран цела ноќ со нејзините нервни испади. Но таа кога виде дека вртам во полиција, зема нож и почна да пробува да се самоповредува па во еден момент реши и мене да ме боде и да ме сече, за што имама повреди на лицето и на ушите. Целата среќа е што таа во брзината земала тап нож за леб наместо некој остар во врв, тогаш може и ќе ме повредеше многу повеќе и случајот ќе беше многу потрагичен раскажува Саше Ивановски на својот портал.
Тој вели дека ја совладал и ја чекал полицијата, која доша за 5 минути. Сведок на немилиот настан бил и нивниот син.
За жал целиот настан го гледаше нашето синче кое беше избезумено и потоа им раскажа на полицајците, им рече, мама го исече тато, на што јас кога го слушнав тоа негово сведочење мислам дека ќе се онесвестев од жал за тоа што ова детенце мораше да гледа сирото тоа ангелче мое најсакано… Тоа е тоа почитувана јавност, не сум јас насилник, не сум жено тепач, не сум никаков тепач, само сум жртва на една болна параноја на една несигурна млада жена. За нејзината параноја сведоци се и тие малку мои пријатели со кои морав да ја прекинам комуникацијата и да се изолирам со години, со години немав отидено на кафе некаде или на пиво, тоа беше мисловна именка за мене. Се гледав само со бизнис партнери, но плаќав голема цена и за тие средби, со денови таа ме малтретираше и нервираше со нејзините паранои што сме збореле и кај сме седеле итн инт… Иако се работеше за кратки средби од по 20 минути во канцеларии или ресторани во сред бел ден со луѓе кои се рекламираат на порталот или се политичари со кои требаше да направам кратко интервју.
Политико ѝ посакува на сопругата Марина брзо да го преброди ова и да успее во животот, вели дека ќе ѝ помага финансиски колку што може како и до сега.
Политико има порака и до сите нас.
Инаку никого не му пожелувам да биде во врска со љубоморна личност. Јас изминативе години живеев практично во куќен притвор, не смеев никаде да одам без неа, па таа дури почна да оди по фирмите и да ги носи фактурите и документите од страв дека јас ќе имам нешто со некоја маркетинг менаџерка или слично?! Не смеев да одам ниту на пресови нити на јавни настани, затоа ме нема пред суд да ги бркам Груевци затоа и не можам да почнам со мојата емисија иако имаме студио и опрема, но не смеев да го направам тоа затоа што таа се плашеше дека јас ќе ја изневерам со некого во тоа студио. Затоа и стагнира порталот и стагнира мојата кариера поради нејзината болна љубомора, но сепак и тоа се трепеше само за доброто на нашето синче а и за нејзино добро, и помагав да студира и да полага испити, но не се трпеа кавгите кои траеа со часови и поради кои не можев да работам, да ве потсетам дека нашиот дом беше и моја канцеларија, а од мојата работа за висеше дали ќе можеме да си ги платиме сметките и да имаме што да јадеме.
Политико бара старателство врз синот, зашто на сопругата ѝ е потребна помош
Таа сега наместо да закочи, од една влегува во нова глупост. По нападот наместо тука да застане, таа отиде во полиција и измисли дека јас сум сакал да ја нападнам а таа се бранела. Ако е така зошто јас бев во капут и чизми кога дојде полицијата, зошто јас повикав полиција, зошто јас бев повредениот а не таа? Тоа нема логика. И таа нејзина лажна приказна сега осамна на сите медиуми кои се мои непријатели само затоа што со години работев за рушење на режимот од кој тие цицаа. Ова се сега нивните 5 минути за да пробаат да ме елиминираат, да ме уништат, да ме тргнат од јавната сцена. Ќе се борам тоа да не се случи, затоа што сметам дека не сум направил ништо лошо, се водев секогаш колку што можам со желба никому да не наштетам многу често на моја штета, се жртвував себеси 5 години и веќе не можев да издржам но се што направив е што пробав да си заминам но Марина не сакаше да ми дозволи при што ме нападна а сега се обидува и да ме намести со цел да ме уништи под изговорот ако не си со мене, ќе те нема нема да постоиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.