Ресторанот „New Albis Гостивар“ во сопственост на браќата Бесим и Хамит Латифи поделија 400 оброци за дежурните во болницата во Тетово, Комуналец-Тетово и полицијата и противпожарната единица Тетово.

Со оглед на состојбата во која се наоѓаме заради појава на пандемијата од вирусот „Ковид 19“, ресторанот New Albis Гостивар, сопствениците на ресторанот NewАлбис Џемил, Реџеп и Бесим Латифи одлучија во знак на почит и благодарност да споделат храна за целиот дежурен персонал од сите институции и претпријатија кои се во првите редови и се соочуваат со оваа вонредна состојба!
Денес, над 400 пакувања со храна беа дистрибуирани на дежурниот персонал и тоа за ЈЗУ Општата болница „Др.Ферид Мурад“, Здравствениот Дом,Клиничка болница во Тетово, Општинско-гостиварско претпријатие Комуналец и противпожарната единица во Гостивар.
Им благодариме и им честитаме на сите вработени во горенаведените институции и претпријатија за неуморната работа што ја вршат во служба на граѓаните!
Остануваме надежни и уверени дека сите заедно со нашиот придонес ќе ја надминеме оваа состојба успешно, со што е можно помалку последици и што е можно поскоро да се вратиме во нормалност!, напишаа на фејсбук нивните колеги, од Гастромак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.