Две братчиња на возраст од 5 и 7 години недела дена живееле со телото на нивната мајка, која ненадејно починала. Синовите на Кони Тејлор (71) од Тексас не успеале да го отклучат нејзиниот мобиле телефон за да повикаат помош, но успешно се хранеле и преживеале самите дома.
Случајот бил откриен откако нивната учителка ја алармирала полицијата дека децата неколку дена не биле во школо, а не можела да ја добие нивната мајка.
Тејлор, која неодамна ги посвоила децата, најверојатно починала од природна смрт, а се чека обдукцијата да го потврди тоа.
Децата се пренесени во хранителско семејство, а роднина на починатата поднесол барање за да ги посвои.
Полицијата потврдила дека децата се добро и покрај траумата која ја преживеале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.