Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата вереница Кери Симондс станаа родители на здраво момче во средата. Породувањето се случило неколку недели пред закажаниот датум.

Најмладиот член на семејството Џонсон се вика Вилфред Лори Николас Џонсон.

Кери се пофали дека името Николас е избрано во чест на двајцата доктори, д-р Ник Прајс и д-р Ник Харт, кои го спасиле животот на премиерот додека се бореше со коронавирусот во болницата, минатиот месец.

Другите две имиња се по дедото на нејзиниот партнер Вилфред и нејзиниот дедо Лори.

Таа, која исто така откри дека нејзиниот син се родил во 9 часот на 29 април, го пофали породилниот тим во болницата на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Бебето на двојката е шесто дете на премиерот. Џонсон има четири деца со својата втора сопруга, адвокатката Марина Вилер – Теодор, Касија, Мило и Лара. Бракот на двојката заврши во септември 2018 година, по 25 години брак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.