Српскиот рапер, Далибор Андонов – Гру кој вчера загина во спортска несреќа кај Земун додека возел кајт, открил дека неговата љубов за екстремни спортови го довела во животнозагрозувачка ситуација во 2012 година.

Додека биле на зимување на Алпите со својата сопруга Даница, решил до хотелот каде престојувале да се спушти надвор од скијачката стаза.

Даница се спушти по стазата, а јас со неколку мои пријатели преку еден друг дел од планината од каде никој не поминуваше. Тогаш и сфативме зошто оттаму никој не минувал. Стигнавме до едно место од каде што ако падневме немаше да се повредиме, туку на лице место ќе загиневме. Беше критично. Моравме да чекаме и да се бориме со студот неколку часа додека да дојде хеликоптерот за да не извадат оттаму, открил Гру во едно интервју.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.