Изминативе денови се прошири веста дека во Кина е изградена болница за десет дена и истата веќе примила пациени заболени од коронавирус. Но, се покажа дека оваа вест не е точна.
Болницата за која пишува „Дејли мејл“ е Медицински центар на областа Дабие, чија изградба е почната многу порано, а завршувањето на работите било предвидено за мај 2020 година. Поради епидемијата, власта решила да се забрза завршувањето на работите во еден дел од болницата, за да може да профункционира за пациенти со новиот коронавирус.
Болницата навистина е преуредена за два дена така што од празна зграда е направена функционален клинички центар, но во тој период не е „изградена на подрачје што било целосно празно“, се вели во текстот на raskrinkavanje.ba, кои имаат превод на оригиналниот напис на „Дејли мејл“.
Болниците што се направени за неколку дена се всушност импровизирани полски болници, а плацевите што се прикажани на фотографиите во анализираните статии се од нивните локации, вели босанско-херцеговскиот сервис за борба против лажните вести.
извор: МЕТА.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.