Германскиот производител на возила „БМВ“ планира значително да го зголеми производството на електрични автомобили.
Како што истакнува извршниот директор на компанијата, Оливер Зипсе, за германскиот дневен весник „Аугсбургер алгемајне“, од следната па до 2023 година, „БМВ“ ќе произведе четвртина милион повеќе електрични автомобили отколку што првично било планирано.
„БМВ“ сака до 2023 електричните автомобили да сочинуваат приближно една петтина (20%) од продажбата. Оваа година, нивниот удел е околу осум проценти.
Зипсе истовремено ги повика надлежните да се забрза проширувањето на инфраструктурата за полнење.
Од денес секоја недела во функција би требало да се стават петнаесет илјади приватни и околу 1.300 јавни пунктови за полнење. За жал, сè уште сме далеку од тоа – вели шефот на БМВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.