Германскиот производител на автомобили, БМВ ги зголеми проценките за годинешните приходи, поради зголемените цени на новите и половните возила.
Зголемувањето на цените наредниве месеци ќе го неутрализира негативното влијание на тековниот недостаток на полупроводници врз производството и продажбата. Според тоа, очекувањата пред каматата и данокот од седум до девет се подигнати на 9,5 до 10,5 отсто.
Се очекуваат повисоки бројки и кај враќање на капиталот во одделот за финансиски услуги, од 17 до 20 на 20 до 23 отсто.
Од комапнијата додаваат дека можните подобри резултати ќе се одразат и на добивката пред оданочувањето, којашто би требало значително да се зголеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.