Германската актерка со турско потекло Мерјем Узерли, најпозната по Хурем во серијата Сулејман Величенствениот, се породи вчера и на свет донесе девојче.
Таа на Инстаграм со своите следбеници сподели фотографија од породилиштето и упати емотивни зборови.
Вчера 8 јануари 2021 година, најдраго мое. Тато и јас сме пресреќни што дојде во нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи. Биди секогаш бескрајно заштитена, напиша актерката.
Мерјем веќе ја има ќерката Лара, која ја роди 2014 година додека беше во љубов со Кан Атеш, а таткото на својата втора ќерка не сакаше да го покаже на јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.