Популарниот италијански милионер, 52-годишниот Џанлука Ваки, беше вакциниран денес во Србија, на Белградскиот саем.

Џанлука пристигнал во Белград со приватен лет, а тој дојде, според српските медиуми, само заради вакцинирање. Според тамошните медиуми, италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде исто така ќе биде ревакциниран за три недели.

Според објавите на социјалните мрежи италијанскиот милионер додека се вакцинирал ја соблекол маицата за да ги покаже своито фит – тетовираното торзо, а притоа бил добро расположен.

Преку својот инстаграм – профил на кој го следат повеќе од 20 милиони луѓе, тој и се заблагодари на Србија.

„Се враќаме во Болоња, се вакциниравме во Белград. Ви благодарам, Србија“, изјавил Ваки во видеото што го објави од авионот.

„Се гледаме кога ќе дојдам за втората доза, ние сме ви многу благодарни што бевте толку прекрасни кон нас“, изјавил Ваки.

Џанлука пристигнал во Белград со својот приватен авион, само за вакцинацијата, објавил „Телеграф“. Италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, за три недели за да ја прими втората доза од вакцината.

Ваки се прослави со видеата во кои танцува, а со години е во центарот на вниманието и е еден од сопствениците на најинтересните инстаграм – профили и фан страни кои ги следат неговите бројни обожаватели, кога станува збор за оние кои се заинтересирани да гледаат убави жени, луксузни недвижности, јахти, трошење пари и луда забави. Инаку, Џанлука „тежи“ 450 милиони евра.

Покрај тоа што пушта музика на забави ширум светот и ужива во убави девојки, Ваки секојдневно тренира, неговото тело е целосно покриено со тетоважи и веројатно никогаш не би претпоставил колку години има Италијанецот.

Џанлука веќе неколку години е во сериозна врска со манекенката Шарон , а неодамна добија ќерка, која гордите родители ја нарекоа Блу Ерусалим Ваки



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.