Смртта на мароканската манекенка Имане Фадил (33), која била редовен гостин на приватните забави организирани од поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, е предмет на истрага како можно убиство, откриле судски извори, а пренесе Би-би-си.
Таа починала во болница во Милано на 1 март, еден месец откако била примена таму откако се пожалила на болки во стомакот. Тогаш на своите блиски и на нејзиниот адвокат им рекла дека се соменва дека е отруена.
Во 2012 година Имане сведочела на судењето на Берлускони во случај во кој тој вил обвинет дека плаќал малолетни проститутки за сексуални услуги. Поранешниот италијански премиер најпрво беше осуден, но подоцна ослободен од обвинението. Потоа беше осуден за даночно затајување, па мораше да врши општествено корисна работа.
Миланскиот главен обвинител, Франческо Греко изјавил дека во медицинската документација на Имане Фадил има низа неправилности.
Лекарите не дијагностицирале сериозна болест со која би можела да се објасни нејзината смрт, истакнал Греко.
Италијанските весници објавија дека Фадил пишувала книга за нејзините животни искуства, а судиите кои работат на истрагата за нејзината смрт добиле копија од овие необјавени текстови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.