Еден од најголемите балкански ѕвезди Здравко Чолиќ имал бурен љубовен живот во младоста.

Пејачот веќе 18 години е во складен брак со Александра, а по него лудуваа многу познати дами, но и една актерка која има посебно место во неговото срце.

Станува збор за Јасна Орнели Бери, поранешна љубов на Здравко за која ретко зборувал во јавност. Тие се заљубиле во Сараево, додека биле  млади, а Јасна своевремено ги открила деталите од нивниот однос.

Еден дел од мене секогаш ќе биде резервиран за него. Тој е фасцинантна личност и својата харизма успешно ја одржува и денеска. Пред се е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноќта ми те должи“, која сам ја напиша – рекла актерката во една емисија.

Сепак таа тврди дека тие двајца не биле во врска, туку дека нивниот однос е специфичен.

Не можам да кажам дека се забавувавме или бевме во врска. Тоа е посебен однос, кој трае и денеска. Тоа се уште е љубов која не можете да ја помилувате и држите за рака. Здравко ќе остане секогаш сечиј и ничиј- изјавила Јасна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.