Мелинда и Бил Гејтс трошат четири милиони долари годишно на даноци на недвижности само во САД.

По 27 години брак, парот Гејтс собраа огромно богатство, а тие исто така основаа фондација за донирање вредна 50 милијарди долари.

Бил и Мелинда Гејтс објавија дека се разведуваат на модерен начин, преку Твитер. Својот имот ќе го поделат на традиционален начин, а многумина се прашуваат кој што ќе поседува.

За Бил Гејтс, еден од петте најбогати луѓе во светот, велат дека не сака да троши пари за непотребни работи. Покрај компании, приватни авиони, скапи автомобили, Гејтс поседуваат и недвижности во многу делови на светот.

Врз основа на стекнатото богатство од минатата година, Бил Гејтс заработува околу 4.630 американски долари во секунда.

Ова значи дека доколку троши милион долари на ден, би биле потребни околу 400 години да го потроши целото богатство. Исто така, се наведува дека тој е побогат од британската монархија, има повеќе пари и од најбогатиот Азиец. Исто така, ако на секој човек во светот му даде 15 долари, тој сепак ќе има 28 милијарди долари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.