Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс во неговото гостување во „Лејт шоу“ најави нова пандемија која според него би можела да го погоди светот за пет години од сега.

Доаѓа „Пандемија 2“. Тоа ќе биде напад на биотероризам. Според моите проценки, таа ќе се изврши некаде во 2025 година – рече Гејтс.

Откако полека почна да се повлекува од „МајкрософтЕ, Гејтс се вклучи во хуманитарна работа, а во 2000 година тој и неговата сопруга Мелинда основаа фондација посветена на вакцинирање на децата во региони каде што детска парализа сè уште не е искоренета.

Гејтс, чија фондација е ангажирана во пронаоѓање на вакцина против коронавирусот, се осврна и на тековната пандемија.

„Поради вирусот корона, ќе живееме вака до лето. Но, дотогаш, ќе ни треба чудо. Ефектот на вакцината можеме да го видиме дури подоцна. Се плашам дека вистинската придобивка може да се види само за две години и тоа на лето. Никој не добива, но сите губиме.“ изјави Гејтс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.