Изминатиов период во Бигорскиот манастир, беше изработен нов видео запис, овој пат за првата великопосна песна (каланда) со наслов „Сега е Свет и Велик Пост“.

Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, со која веруваме ќе се гордеат целиот православен народ од нашата земја, а особено Мијаците, односно сите оние кои живеат или потекнуваат од познатиот мијачки крај.

И ете овој понеделник, на самиот почеток од Велигденскиот (Велики) пост, да го проследиме најновиот видео запис за прекрасната традиционална песна, која е во изведба на верниот чувар на нашата културна традиција, Ансамблот „Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.