Емилиано Сала настрадал на 21. јануари, авионот кој го превезувал од Нант до Кардиф се урнал во Англискиот канал. BBC објавил нови детали за истрагата која покажува дека Давид Иботсон не смеел да пилотира таа вечер…
Давид Иботсон (59), пилотот кој го превезувал Емилиано Сала, бил далтонис, далековид и немал лиценца за ноќни летови.
Тоа се новите детали од истрагата за несреќата на аргентинскиот фидбалер.Тој кобниот 21. јануари летал од Нант за Кардиф за кој потпишал договор вреден 17. милиони евра. Во новиот клуб не пристигнал бидејќи неговиот авион се урнал во Англискиот канал.

Информациите ги објавил BBC, а управата за цивилно воздухопловство на Велика Британија
одбила да ги коментира. Од порано се знаело дека Ибутсон немал лиценца за возење на
приватнито авион Piper Malibu, а сега угледниот BBC тврди дека имал американска лиценца само за возење по дневно светло и не смеел да вози ноќе. Поради далековидост морал да носи очила за визија во близина.
За добивање на ноќна дозвола за летање пилотот мора да мине петчасовен тест на теориски дел и пет часови обука. Исто така, битно е дека пилотот мора јасно да ги разликува зелената и црвената боја, а тој тоа не го можел.

Летањето вон ограничувањата на лиценцата е незаконско. Европските правила ноќта за пилотите ја дефинираат како време од половина час по заоѓањето на сонцето до половина час пред изгревањето на сонцето. Способноста на разликување на зелените и црвените светла е клучна за летање ноќе, рекле извори за BBC.

Емилиано од Нант требало да полета во утринските часови, но полетувањето на крај е поместено после 19. часа. До тогаш сонцето во Нант веќе било зајдено…
Приватниот авион со кој Сала патувал од Нант до Кардиф се урнал во Англискиот канал на 21. јануари. Во остатоците од авионот на 4. февруари било забележано тело, а неколку дена подоцна било потврдено дека станува збор за Емилиано Сала. Аутопсијата покажала дека умрел од удар во главата, а не од давење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.