„Би-би-си“ денеска го отпушти водителот кој на Твитер постави фотографија од шимпанзо во облека, со натпис „кралското бебе ја напуша болницата“.

Презентерот Дени Бејкер е обвинет за исмејување на војвотката врз основа на нејзината раса.

Портпарол на Би-Би-Си изјави дека ова било сериозна грешка во проценката, додавајќи дека во целосна спротивност на вредностите за кои се залага таа медиумска куќа.

„Дени е прекрасен новинар, но веќе нема да работи со нас на неделната емисија“, потврди Би-би-си.

Бејкер, кој и самиот потврди дека е отпушен во два наврати се извини.

Меган, сопругата на принцот Хари, во понеделникот роди машко дете, кое го нарекоа Арчи и кое е прво дете од мешана раса во британското кралско семејство во блиската историја. Меган, чија мајка е од афроамериканско потекло, а татко и е белец, веќе беше предмет на расистички коментари на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.