Шокантно видео од вчера се споделува на социјалната мрежа Твитер каде се гледа момче како на брутален начин фрла куче во водите, на она што се претпоставува дека е Дојранското езеро.

Во еден момент момчето го фаќа кучето за предната и задната нога и буквално го фрла во езерото, додека коментарот на оној кој снима е: Македонија вечна!

Според одредбите од важечкиот Кривичен закон во Македонија можно е лицата кои се изживуваат врз животните да заработат и казна затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.