Кога еден човек не се занимава со хоби или спорт многу е веројатно да почне да биде „измачуван“ од некаков неспокој. Честопати се поставува прашањето – зошто губиме време за неважни работи без да направиме нешто полезно?

Сепак, според нови научни сознанија, „безделничењето“ е полезно за мозокот, но само ако го практикувате правилно.

Помислете си – кога сте ги имале најплодните идеи? Веројатно, кога не сте сосредоточени на ништо конкретно. Проучавањето на „дифолт-системот“ на мозокот (односно делот којшто е активен кога не правиме ништо), вели дека тој создава „расеаност“. Тој поим се користи за да се опише состојбата во којашто дозволуваме нашиот ум, просто, да лута од една мисла кон друга. Оваа состојба, всушност, нѐ прави прилично покреативни и многу попродуктивни – вели истражувачката-психолог, Крис Бејли.

Селест Хедли, авторка на бестселерот „Не прави ништо“, појаснува зошто безделничењето и мрзеливоста се две различни нешта.

Погледнете на тоа вака: риболовецот во голем дел од времето не прави ништо, дури и кога е зафатен. Безделничењето означува да не делувате, а мрзеливоста означува – да не сакате да делувате. Може ли човек да не дејствува, зашто е мрзелив? Се разбира. Но, може и да дејствува кога не се труди и може да биде активен, без да работи – појаснува Хедли.

Според неа има два вида размислување. Првиот тип – аналитичен, е неопходен ако сме активно ангажирани во решавање проблем или сме сосредоточени на некоја задача. Вториот тип е поапстрактен и ја поттикнува појавата на ненадејни идеи и откритија. Тоа е она кога човекот „лета во облаците“.

Во оваа состојба, мозокот ги изделува и подредува податоците кои скоро сме ги добиле и ги помешува со сеќавања од порано, со впечатоци и емоции. Како резултат на тоа, во мозокот ни се создаваат нови и необични поврзувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.