Бојан Златановиќ од „Амадеус бенд“ на 45 години ја изгуби битката со коронавирусот, а Аца Стаминировиќ негов колега од бендот е неутешен по неговата смрт. Аца открил дека кога последен пат се слушнале Бојан верувал дека ќе биде добар.

Последен пат се слушнавме пред 9 дена, пред да биде ставен на респиратор… Кога зборувавме беше на кислородна поддршка… Веруваше дека ќе биде океј… Што се случи, никој не знае… Благодарност до докторите и директорот на болницата Драгиша Мишовиќ, тие се јунаци, дале се од себе за да го спасат – изјавил Аца за Телеграф.рс. – Тој ќе живее со нас додека и „Амадеус“ бенд живее. Беше со нас од почетокот, од 1997 година – додал музичарот.

Немаше ниту еден здраствен проблем. Не беше пушач, ниту пиеше алкохол, ништо… Спортист бе! Со велосипед одеше од Белград до Крагуевац и назад. Позади себе остави син (6)… Тажно навистина, а ние како мажи кои сме биле покрај него мора да издржиме. Мораме да бидеме покрај семејството – изјавил Аца.

Бендот на својот инстаграм-профил ја има и последната заедничка фотографија на која се сите членови заедно со Бојан. На фотографијата сите носат заштитни маски како порака до јавноста како правилно се носат, а само Аца на шега ја има ставено преку очите. Ниту еден од членовите не помислувал дека тоа ќе биде нивната последна заедничка фотографија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.