Принцот Хари и Меган Маркл неодамна станаа родители на малиот Арчи, а странските медиуми пишуваат дека во нивното семејство сепак не е се така идеално, како што се чини однадвор.

Имено, иако од кралското семејство открија дека Арчи е бебе какво што можеш да посакаш, хроничната ненаспаност сите ги доведува до раб на трпението, па така принцот Хари реши малку да се одмори и скокна до Рим, што му е прв излет откако стана татко.

Мајкл Караза, блзиок пријател на Хари со кој игра поло, раскажал дека војводата од Сасекс се пожалил дека спие малку и нередовно и дека патувањето во Рим му дошло многу добро, а во прво што планира е таму да се наспие.

Меган за сега останала сама со бебето, се разбира со помош на дадилката и мајка и која повеќето време го поминува со кралското семејство откако се роди малиот Арчи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.