Бебе старо само година и половина, завршило во болница во Милано, откако докторите по детална анализа утврдиле дека во крвта на бебето има канабис.
Според италијанските медиуми таткото на бебето е од Египет, а мајката е Србинка.
Родителите во неделата се обиделе да го разбудат бебето, кое запспало, но бидејќи не реагирало, тие веднаш повикале брза помош.
За време на истрагата утврдено е дека кај нив на гости дошол вујкото на бебето, брат на мајката од Србија, а со него имал и марихуана која ја козумирал како џоинт.
Полицијата претопставува дека детето во момент на невнимание зело мало количество и го проголтало, па затоа не покренале истрага ниту пак постапка против родителите, додека вујкото ќе ги сноси последиците за незаконско поседување марихуана.
Од болницата велат дека бебето е добро, но за секој случај ќе остане во болница уште неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.