Каталонските власти воведоа нови мерки во Барселона во петокот, во обид да го спречат ширењето на коронавирусот, откако заразата одново избувна во градот.
Министерот за здравство на Каталонија, Алба Вергес предупреди дека регионот се соочува со „голем пренос со голема брзина“ и ги замоли граѓаните да останат дома.
Ќе бидат потребни месеци и месеци, за да се справиме со оваа состојба, додаде таа.
Властите додаваат дека во повеќе градови во Каталонија се предвидува повторно да бидат затворени поради зголемениот број на случаи.
Во четвртокот Шпанија објави над 1.300 нови случаи на Ковид-19, од кои повеќето се регистрирани во Каталонија. Оваа бројка е најголемо дневно зголемување на инфекциите во земјата од крајот на мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.