Поранешниот американски претседател Барак Обама се маскира како Дедо Мраз да им подари подароци на болни деца во болница во Вашингтон.

Посетата беше изненадувачка за децата кои се лекуваат во Детската Национална педијатриска клиника. Обама им даде подароци, а децата беа многу возбудени.

„Само сакам да им се заблагодарам на сите, имав можност да разговарам со неверојатни деца и нивните семејства“, рече Обама.

Тој им честиташе на лекарите и медицинските сестри кои се грижат за децата во болницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.