Брачен пар од Пенсилванија бил пријатно изненаден кога на нивната сметка по грешка биле префрлени 120 000 долари. Роберт и Тифани Вилијамс не помислиле на враќање на средствата, туку веднаш се дале на трошење и купиле теренско возило, приколки, тркачки автомобил и многу други предмети, а на пријатели им дали над 10 илјади долари, јавуваат американските медиуми.
Тие признале дека знаеле дека парите не се нивни, но сега се соочуваат со обвинение за кражба.
Инаку средствата биле префрлени на нивна сметка, место кај инвестициска фирма за која биле наменети. Грешката била забележана 20 дена подоцна и парите се повлечени од нивната сметка, но веќе било предоцна бидејќи од целата сумна на парот му останале одвај неколку илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.