Контроверзниот руски балетан Сергеј Полунин на градите го истетовира ликот на Владимир Путин. Балетанот во неколку слики на „Инстаграм“ го величи лидерот на Русија.

Му благодарам на Владимир и на секој кој се бори за доброто. Ве почитувам. Не е лесно да се биде силен и да се одбере доброто. Љубовта е добра и е најмоќна.

Како што растела љубовта на Сергеј кон Путин, тој го сменил и државјанството. Така Полунин од ноември минатата година повеќе не е Украинец туку Русин.

Инаку, овој балетан кој на 19 годишна возраст стана првенец на британскиот Ројал Балет, е познат дека на сцената се појавувал пијан и дрогиран. Објавите за Путин и за мажите ги погоди првите луѓе на балетските куќи, кои веќе не можат да замижуваат само поради огромниот талент на балетанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.