Црни сценарија на Нострадамус и Баба Банѓа за 2019 година. Дали и колку може да веруваме на истите? Може ли да промениме нешто или едноставно да оставиме што ќе донеси времето.
Слепата пророчица, Баба Ванѓа, која ја нарекуваат и „Нострадамус на Балканот” и покрај тоа што е мртва повеќе од две децении, сепак теоричарите на заговор веќе долго време длабоко ги почитуваат нејзините пророштва за глобални настани и природни катастрофи.
Ванѓа која го предвиде Брегзит, нападот врз кулите близначки и создавањето на ИСИС, нема баш убави предвидувања за следнава 2019 година.
Таа предвидела некои клучни околности во следните дванаесет месеци, вклучувајќи го и економскиот колапс во Европа и обидот за атентат врз Владимир Путин. Пред многу години предвидела дека заканата за Путин ќе дојде од неговиот тим за безбедност – но не прецизирала дали рускиот претседател ќе умре. Но, треба да се земе во предвид дека друго предвидување е дека Владимир Путин и Русија ќе владее со светот.
-Сите ќе паднат, како мраз кога се топи, само еден ќе остане недопирлив – Владимирова слава, слава на Русија, рече таа во 1979 година на средба со писателот Валентин Сидоров. Премногу жртви се принесени. Никој не може да ја запре Русија. Таа ќе биде господар на светот , додала таа.
Црно сценарио има и за актуелниот американски претседател. Според Ванѓа, Доналд Трамп ќе заболи од мистериозна болест, од која ќе го изгуби слухот. Исто така, ќе страда од мозочни нарушувања.
Според неа ќе има и природни катастрофи. Во Азија огромно цунами, во Русија ќе падне огромен метеор.
Ванѓа инаку родена како Вангелја Гуштерова, почина во 1996 година и веќе ја изгради својата репутација на Балканот како пророчница. Почина на возраст од осумдесет и пет години.
Слични се предвидувањата и на најпознатиот пророк Французинот, Нострадамус. Тој не само што не дава надеж за проспериот, туку нпротив пишува за војна.
2019 според него ќе ја зафатат страшни полави, Северна Америка ќе биде зафатена од страшни земјотреси. На блискиот исток пак се очекува раст на тероризмот и религиоскиот екстремизам.
Сепак тој смета дека единствено нешто што ќе ги обедини светските лидери, тоа се климатските промени, поради кои ќе мора да седнат на иста маса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.