Во денешно време, кога и двајцата родители се вработени, бабите и дедовците неретко помагаат и ги чуваат своите внуци додека мама и тато не се вратат од работа.
Но, една баба од Австралија го подели интернетот со својот став. Таа работи од дома, а за неколку дена во текот на неделата да го чува своето едногодишно внуче би била приморана да престане со работата, поради што решила да го наплати својот труд.
Бабата од својата ќерка и зет побарала 15 долари на час за да се грижи за своите внуци, за да ги надокнади работните денови кои нема да ги одработи.
Нејзината ќерка и понудила цена од 10 долари на час, но бабата ја одбила таа сума, дури и се налутила заради малата понуда, пренесува „Дејли мејл“.
Не водам градинка, парите ми требаат за да ја надокнадам платата што ќе ја изгубам затоа што нема да ја работам својата работа неколку дена во неделата, напишала бабата на социјалните мрежи.
После тој пост, корисниците ја преплавија со коментари.
Многу корисници сметаат дека е очигледно дека оваа баба воопшто не сака да се грижи за нејзиниот внук, особено затоа што бара толку голема сума. Повеќето се согласија дека толку многу пари се даваат на професионалните дадилки кои имаат завршено училиште и разни курсеви, па ја прашале бабата какви квалификации има за да сака толкава сума.
Секако, има и такви кои ја поддржуваат бабата, а како образложение велат дека ѝ треба компензација затоа што останала без дел од приходот.
Дали е нејзина обврска да работи бесплатно за да ѝ помогне на својата ќерка?!, гласи еден коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.