Осумдесетгодишната Мејвис Еклстон се соочува со обвинение за убиство, откако лекарите ја спасиле по обидот за самоубиство. Бабичката и нејзиниот сопруг Денис (81) одлучиле заедно да си ги одземат животите, кога неговиот рак влегол во последната фаза.
Поради таа причина тие испиле мешавина од лекови и Денис починал, но лекарите ја спасиле Мавис која што потоа била обвинета за убиство на сопругот.
Парот бил во брак 60 години и имаат три деца. Во прошталното писмо долго 14 страни, напишале дека се одлучиле да си ги скратат животите поради лошото здравје, злоставување и карање со комшиите.
Семејството тврди дека полицијата ја малтретирала Мавис во затворот, а нејзиниот син Кевин вели дека полицискиот началник му рекол како ќе направи „пример“ од неговата мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.