ЈЗУ Општата болница во Охрид доби 10 електрични кревети како донација, во износ од 20.000 евра од автомат клубовите „Астра“. Оваа донација е дел од хуманитарната акција на компаниитеод Групацијата НОВОМАТИК во Македонија.
Станува збор за акција каде членките на групацијата НОВОМАТИК донираат потребна медицинска опрема на здравствени установи во државата кои се соочуваат со борбата против COVID-19 вирусот.
Како компанија автомат клубовите „Астра“ веруваат дека овој предизвик може да се надмине заеднички, со несебична помош и поддршка онаму каде што е потребно, бидејќи се бориме за заедничка цел, зачувување на нашето колективно здравје.
Креветите се хидраулични со промена на положбата на телото на потребите на пациентот и се наменети за интерното одделение кое е најфреквентно одделение во Општа Болница Охрид и регионален центар за општа интернистичка патологија со посебни соби за изолација за сомнителни недокажани пациенти од различна патологија кои се поврзани со COVID-19, изјави Др. Горан Балевски, директор на болницата.
Комерцијален текст
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.