Автомат клубовите „Адмирал“ кои се дел од Групацијата НОВОМАТИК во Македонија донираа дезинфикциони средства во ЈЗУ Општа Болница во Гостивар, во износ од 20.000 евра. Претходниот период во оваа иста болница компанијата донираше и електронски болнички кревети, се со цел полесно да се справи со зголемената бројка на примени пациенти заразени од КОВИД-19 вирусот.
Во ова неизвесно време кога сите се трудиме да го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите најмили, кога здравствените работници и сите здравствени институции силно стојат во првите редови во борба против пандемијата од КОВИД-19 вирусот, се чувствуваме обврзани да пружиме помош онаму каде што е најпотребно, велат од Групацијата.
Оваа донација е дел од хуманитарна акција на повеќе компании, членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија кои донираа болнички кревети и дезинфикциони средства во пет различни здравствени институции во нашата држава. Донираните средствата од целата хуманитарна акција се во износ од 200.000 евра.
Комерцијален текст
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.