Слепата пророчица, Баба Ванѓа, која ја нарекуваат и „Нострадамус на Балканот” и покрај тоа што е мртва повеќе од две децении, сепак теоричарите на заговор веќе долго време длабоко ги почитуваат нејзините пророштва за глобални настани и природни катастрофи.
Ванѓа која го предвиде Брегзит, нападот врз кулите близначки и создавањето на ИСИС, нема баш убави предвидувања за следнава 2019 година.
За следните месеци, Ванѓа предвиде економски колапс во Европа и обид за атентат врз Владимир Путин. Според неа, опасноста за ликвидација на рускиот претседател доаѓа од внатре, од тимот на неговото обезбедување, но не предвидела дали атентатот ќе биде успешен.
Таа предвидела катастрофално цунами кое ќе ја погоди Азија, и пад на метеор во Русија.
За 2019, Баба Ванѓа предвиде и дека Доналд Трамп ќе се разболи од мистериозна болест, која ќе го оглуви. Ќе пател и од мозочни пореметувања.
Ванѓа инаку родена како Вангелја Гуштерова, почина во 1996 година и веќе ја изгради својата репутација на Балканот како пророчница. Почина на возраст од осумдесет и пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.