Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, изјави дека планира да гласа од вселената на претстојните избори во САД, на повеќе од 300 километри над Земјата.
Рубинс моментално се наоѓа во Русија, каде се подготвува со двајца космонаути за лансирање кон Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земјата во средината на октомври. Тие таму ќе останат шест месеци.
Мислам дека е многу важно секој да гласа. Ако можеме да го сториме тоа од вселената, верувам дека луѓето можат да го сторат тоа од земја, изјави Рубинс за Асошиејтед Прес, пренесува Бета.
Повеќето американски астронаути живеат во Хјустон, Тексас, што им овозможува на своите граѓани да гласаат од вселената преку безбедно електронско гласање.
Клучно е да учествувате во нашата демократија. Чест ни е што можеме да гласаме од вселената, рече Рубинс.
Астронаутите на НАСА и претходно гласаа од вселената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.