Британскиот астролог Џесика Адамс (56) ја предвиде пандемијата од корона вирусот една година порано.

Таа во февруари годинава, го напушти својот дом во Лондон и заедно со своите две кучиња и кокошки се пресели во Тасманија. Ги откажала сите планови вклучувајќи ја и забавата планирана за нејзината најдобра пријателка првиот викенд во март.

Знаев дека нешто ни доаѓа и дека нешто ќе се случи. Го следев сопствениот совет. И навистина бев на време. Понекогаш треба да го чуете алармот порано, и јас тоа и го направив – рекла таа.

Една година порано, Џесика јавно ги истакна нејзините предвидувања дека вирус ќе го нападне светот и како почеток го наведе 10-ти јануари 2020-та година – денот кога беше потврдена првата жртва од ковид-19 во Вухан, Кина.

Сакав да ги предупредам луѓето – за нивните пензии, заштеди, позајмувањето пари за да бидат подготвени дека светот навистина ќе се промени – додала Џесика.

Инаку астрологот вели дека ќе се бориме против коронавирусот уште некое време и дека нема да има вакцина и едноставно ќе мора да научиме да живееме со него. Таа тврди дека Божиќ ќе биде фантастичен оваа година. Работите ќе почнат да се менуваат четири дена пред Божиќ и сè ќе се врти околу „пријателството и глобалната безбедност“.

Таа е убедена дека ќе има големи промени во глобалната економија. Ќе биде готово со перењето пари, а корумпираните и расипани економски системи ќе пропаднат. Следната година ќе биде време за многу поголеми иновации и изуми отколку што имавме предходните години.

Години наназад таа го предвиде и Брегзит како и големото разделување во британското кралско семејство.

Астрологот прогнозира дека двојката нема да ги „измазни“ односите со Кејт и Вилијам. Им се насмевнува соработка со бизнисмен во врска со работа фокусирана на храна. Следната година ќе остварат голем успех во хуманитарната работа.

За 6 години ќе се реши големата климатска криза, тврди астрологот и порачува дека активистката Грета Тунберг после ова ќе може да живее порелаксирано.

Останува да видиме дали нешто од ова ќе се оствари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.