Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи победниците од натпреварот за зелени бизнис идеи 2021.
За најдобри без избрани идеите: „Прва библиотека за играчки“ на Горјана Боневска, „О-круг: Производство на есенцијални масла и ароматизери од отпадни лушпи од портокал“ на Марија Бургиева и идејата „Мини Ирина Тошева“ на модната дизајнерка Ирина Тошева.
Идејата на „О-круг“ е преработка на биоотпад, конкретно лушпи од портокал, од кои ќе се произведува линија на еко-продукти како природни есенцијални масла и освежувачи на воздух.
„Џагор“ е првата библиотека за играчки со која креаторите сакаат да понудат циркуларна алтернатива со можност за изнајмување на квалитетни играчки, справи и помагала, достапни и за оние со минимални примања, а, „Мини Ирина Тошева“ претставува под-етикета на брендот на дизајнерката Ирина Тошева.
На натпреварот пристигнале 33 апликации од кои 13 се натпреварувале во финалето. „Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција и се одржува од 2012 година.
Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. На регионалниот натпревар што претстои, идеите на Боневска и Бургиева ќе се борат за поддршка од 5.000 долари, додека, Тошева ќе се натпреварува за поддршка од 10.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.